Селектор по 15 години си даде отказ за да работи во третолигаш

По 15 години поминати на селекторското место во фудбалската репрезентацијата на Луксембург, Лук Холц си поднесе отставка со цел да го превземе германскиот третолигаш Манхајм.

Одлуката за заминување ја потврди и фудбалската федерација на Луксембруг која допрво ќе бара нов селектор.

Холц го предводеше Луксембург на 144 натпревари забележувајќи 33 победи, 29 нерешени средби и 82 порази забележувајќи го вториот најдолг мандат на селекторската позиција по Колд Алварез, селекторот на Андора.

Се вчитува...