Македонската кошаркарска репрезентација ја очекуваат два натпревара против Грузија во квалификациите за Светското првенство 2023, а и покрај големиот број на откажувања поради повреда „црвено-жолтите“ на гостувањето во Тблиси ќе бидат и без селектрот Драган Бајиќ кој е позитивен на Ковид-19.
Селекторот нема да патува во Грузија и ќе остане во Скопје и во следниот период, а засега останува неизвесно дали ќе биде на клупата за вториот натпревар кој ќе биде одигран во нашиот главен град во недела.
Нашите кошаркари вечерва заминуваат за Грузија, а таму ќе бидат предводени од помошниците на Драган Бајиќ, Адмир Прасовиќ и Александар Јончевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА