Селекторот Далиќ откри кои се плановите на Лука Модриќ

Златко Далиќ ја собра репрезентацијата на Хрватска пред почетокот на квалификациите за Светското првенство.

Во базата во Риека, пристигна и капитенот Лука Модриќ, кој минатиот викенд се прости од „Сантијаго Бернабеу“ откако беше објавено дека по крајот на сезоната го напушта Реал Мадрид. Иако Модриќ најмногу се поврзуваше со заминување во Интер Мајами, каде го чекаат Дејвид Бекам и Лионел Меси, селекторот на „коцкестите“ Златко Далиќ откри дека капитенот има други планови.

„Лука сам ќе одлучи, има многу покани и понуди. Нема потреба никаде да брза, треба да види и да размисли што е најдобро за него и за неговото семејство. За нас е важно тој останува достапен за репрезентацијата, дека неговата цел е да се пласира на Светското првенство. Сака да остане на највисоко европско ниво и да игра силни мечеви“, рече Далиќ.

Се вчитува...