Селекторот Драган Бајиќ одбра 18 кошаркари за ноемвриските квалификации

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ одбра 18. кошаркари на кои ќе смета за ноемвриските квалификации за Светското првенство 2023.

На него се најдоа шест кошаркари на МЗТ Скопје, три на Пелистер и по еден од Феникс 2010, Гостивар, ТФТ и Кожув како и интернационалците кои настапуваат во Шпанија, Романија, Косово и Црна Гора.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦОТ“ ВО НОЕМВРИ 2021

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром)
Дарио Митевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Бобан Стајиќ (Пелистер)
Стојан Ѓуроски (Пелистер)
Љубомир Младеновски (Пелистер)
Андреј Митревски (Феникс 2010)
Виктор Ефремовски (Гостивар)
Андреј Маслинко (ТФТ)
Кирил Николовски (Кожув)
Лејсон Зекири (Приштина-Косово)
Андреј Магдевски (Плоешти ЦСМ-Романија)
Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)
Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора)

Првиот собир е предвиден да биде на 20. ноември во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје по кој следат подготовки пред дуелот со Шпанија на 26. ноември и гостувањето во Украина на 29. ноевмри.

Се вчитува...