Португалскиот селектор Роберто Мартинез има оправдание за исклучувањет на својот капитен Кристијано Роналдо.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња доживеа „помрачување на умот“ поради слабоста на неговата селекција во Даблин и доби директен црвен картон за удирање на фудбалер на Ирска, која славеше со 2-0, со головите на Трој Паро во првото полувреме.
„Главната причина зошто Кристијано доби црвен картон е неговата огромна страст и фрустрација кога не победува, а тоа го сакаме од сите играчи. Потоа, многу е тешко за централен напаѓач во шеснаесетникот кога чуварите постојано го влечат. И потоа, тренерот (селектор на Ирска) се обидува да изврши притисок врз судијата, чуварот кој е многу силен паѓа на теренот со многу драма. Мислам дека снимката изгледа полошо од она што всушност го направи“, објасни Мартинез за исклучувањето на Роналдо.
Селекторот на Португалија дополнително го оправда потегот на својата ѕвезда.
„Беше тешко, тој се грижи за тимот, беше влечен и турнат многу пати, а кога се обиде да се оддалечи од играчот, направи потег кој, според мене, не беше толку лош како што покажуваат камерите. Вчера, нивниот тренер рече дека Роналдо се обидува да влијае на судиите, а потоа нивниот силен стопер заврши на земја во толку многу драма… Сега сакаме да го добиеме следниот натпревар поради Роналдо“ – рече Мартинез.
Роналдо беше исклучен по реакција на ВАР-собата. Беше шокиран од одлуката, но мораше да го напушти теренот. Но, она што го налути уште повеќе беше реакцијата на ирските навивачи.
Ирците не го криеја своето задоволство што Роналдо беше исклучен и додека го напушташе теренот скандираа „Меси, Меси“ и жестоко го исвиркаа, што дополнително го налути капитенот на португалската репрезентација.
Cristiano Ronaldo has been SENT OFF against Ireland! 😍
What a moment in the Aviva Stadium. Bye Bye Ronaldo! 👋🇮🇪 pic.twitter.com/6douOjt2Sx
— Rep of Ireland Player Tracker (@reptracker) November 13, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

