Селекторот Илиевски го скрати списокот, двајца кошаркари отпаднаа

Македонската кошаркарска репрезентација се пресели во Куманово, каде „црвено-жолтите“ в сабота против Романија ќе означат старт на новиот циклус, овојпат од претквалификациите за СП 2027.

Во реновираната спортска сала во Куманово, каде на 2.август, ќе го играме првиот првиот натпревар од втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година, „црвено-жолтите“ ќе реализираат уште неколку тренинзи, по што селекторот Марјан Илиевски и неговите асистенти, ќе го дефинираат и конечниот избор на играчи кои ќе бидат во протоколот за средбата со Романија.

Денеска, на пат за Куманово тргнаа следниве кошаркари кои ќе конкурираат за 12. финални места во ростерот за премиерниот меч во августовскиот ФИБА „прозорец“: Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марко Миловановиќ, Валмир Какруки, Никола Василевски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савичевиќ, Максим Митевски, Тома Стојаноски, Марко Луканоски и Џејкоб Вајли

Во однос на кошаркарите кои ги одработеа подготовките во Гевгелија и во последните денови во Скопје, на најновиот список на селекторот Илиевски не се најдоа Андреј Андоновски и Стефан Стојковиќ.

Се вчитува...