Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Дарко Јанев, сосема очекувано пресреќен по пбедата на неговите избранички над Ангола од 28-24 во клучниот меч за место во главната рунда натпревари на Светското првенство 2024.
Македонските јуниорки се во Топ 16 во светот, што секако е причина за задоволство.
„Знаевме дека со Ангола нема да биде лесен меч. Многу сум среќен за девојките, испочитуваа тоа што се договоривме и најмногу сум среќен што сите ги издржаа сите пехови што ни се случија пред почетокот и за време на СП. Им честитам на сите од срце. Група како група беше добра, сами ја биравме ние селекторите, но самите повреди на главните играчи малку не ставија во незавидна ситуација. Но, сепак, се излезе најдобро за нас“ – вели македонскиот селектор.
Македонија во главната рунда натпревари на Мундијалот сега е во група со Португалија и Црна Гора. Веќе во понеделник не чека мечот со Португалките.
„Сега ни следи ден одмор, а од утре е нов ден и ќе размислуваме за следната рунда во која ќе одиме од меч во меч. Како тренер нормално е дека сакам победи и успеси“ – истакнува Јанев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА