Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2026 година.
Во рамки на ЕХФ неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија.
Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот е закажан за 06.11.2024 (среда) со почеток во 20:00 часот.
Во второто квалификациско коло нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија во „Twinsbet“ арената во Вилнус, а почетокот на натпреварот е закажан за 17:00 часот по локално време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА