Македонскот селектор Кирил Лазаров се одлучи на кои 16 ракометари, од вкупно 20 колку што минаа низ подготвителниот период, ќе смета за денешниот натпревар на стартот од квалификациите за ЕП 2026 година кој го играме со почеток од 20 часот.
Прв противник на Македонија во новите квалификации е репрезентацијата на Естонија, за да веќе на 10 ноември го играме и првиот натпревар на гостински терен со селекцијата на Литванија. Во групата е уште и Словенија со која ќе се соочиме на два дуела во март 2025 година.
Селекторот Лазаров за денешниот меч се определи за голманскиот тандем Томовски и Кизиќ, а дебитант во националниот тим ќе биде десното крило Александар Петковски кој ќе биде единствениот на таа позиција.
Македонскиот селектор се одлучи со следниот тим да се спротстави на Естонците во битката за триумф на стартот од квалификациите за ЕП 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА