Селекторот Лазаров го објави поширокиот список за СП во Полска

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се одржи во Полска и Шведска.

Машката сениорска репрезентација на Македонија на претстојниот шампионат кој ќе се оддржи во Полска и Шведска, е дел од групата Ф која ќе се игра во полски Краков заедно со репрзентациите на Холандија, Норвешка и Аргентина.

Распоред и термини на одигрување на натпреварите на Македонија:

13.01.2023 НОРВЕШКА – МАКЕДОНИЈА 20.30 часот

15.01.2023 МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА 18.00 часот

17.01.2023 МАКЕДОНИЈА – АРГЕНТИНА 18.00 часот

 

Се вчитува...