Селекторот на женската кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски, го објави списокот за претстојниот турнир што ќе се одржи во Скопје. Лазовски очекува да се појават 17 кошаркарки на првиот собир што е закажан за 26. мај, во Скопје.
На списокот на Лазовски се наоѓа и Американката Криси Гивенс, потоа Јелена Антиќ од Лулеа и неколку кошаркари кои студираат во САД.
Неколку дена по првиот собир, репрезентативките ќе земат учество на пријателскиот меѓународен турнир кој ќе се одржи во Скопје. На силниот турнир, кој ќе служи за проверка на силите на националниот состав, учество ќе земат соодветните селекции на Бугарија, Јапонија и на Босна и Херцеговина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА