Селекторот Милевски доби специјално признание од општина Ѓорче Петров

Селекторот Благоја Милевски бележи извонредни резултати со нашата А селекција, пофалби за работата на скромниот стратег доаѓаат од сите страни, а тој денеска доби и специјално признание од општина Ѓорче Петров.

„Со особена чест и гордост, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски му го додели признанието на селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, како знак благодарност, посветеност и придонес во афирмацијата и промоцијата на општината.

👏 Благодарение на неговата посветена работа со националниот тим, Ѓорче Петров и Македонија се препознаваат по успесите и истрајноста“, се вели во објавата и заедничката фотографија на Милевски со градоначалникот Стојкоски“.

Селекторот Милевски останува фокусиран на наредните предизвици за нашиот национален тим, октомвриските квалификациски дуели со Казахстан и со Белгија кои се од исклучителна важност во борбата за врвот на табелата во квалификациите.

Се вчитува...