Селекторот Милевски и Елмас подобри од Џани и Чурлин…. Или не!? (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци продолжуваат со подготовките за квалификацискиот натпревар против Украина кој ги очекува во сабота (14. октомври) од 15 часот во Прага.

Покрај сериозно активниот ритам, дел од тренинзите резервирани и за релаксирачко-забавни моменти во кои фудбалските вештини со актуелните репрезентативци ги одмерува и селекторот Боби Милевски.

Па, денеска резервиран терминот за дуел во популарната фудбалска серва на маса меѓу селекторот Милевски и Елиф Елмас, од една страна, против Џани Алиоски и Дарко Чурлинов од спротивната страна… Поголемиот дел од поените, на страната на Боби и Елиф, кои се покажаа повешти… Или, пак, не!?

Се вчитува...