Селекторот Милевски и легендите Најдоски, Станојковиќ, Грозданоски ги израдуваа најмладите на „ИЛИНДЕН КУП 2023“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Илинден Куп“, без сомнение, со своето прво издание изминатиов викенд покажа дека и тоа како е роден нов бренд на македонскиот детски фудбалски простор.

Со начинот на анимирање, фудбалско натпреварување, компетитивност но и дружба и организација на повеќе од 1000 млади фудбалери, на возраст од 8 до 12 години, и 120 возрасни екипи од околу 50 клубови од Европа и од регионот, „Илинден Куп 2023“ на вистински начин потврди дека Македонија добива детски турнир кој низ годините кои доаѓаат треба да биде препознатлив знак на македонскиот фудбал.

Како заокружување на тридневниот беспрекорен настан на терените во Марино и Кадино а во организација на една од најпрепознатливите домашни фубалски школи „Грозданоски“ од Скопје, најмладите фудбалери од Белгија, Србија, Романија и Македонија беа израдувани и од македонските фудбалски легенди Илија Најдоски, Вујадин Станојковиќ и Влатко Грозданоски кои заедно со селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски им ги доделија наградите и признанијата на најдобрите.

 

„На сите победници им честитаме, на сите учесници им благодариме за учеството. Се потрудивме да направиме нешто поразлично овде во Македонија, да организираме посебен настан. Оставаме на вас да уживате со вашите импресии од првиот Илинден куп, а наша обврска е во иднина само дополнително да го надоградиме нивото на организација на овој меѓународен турнир“ – истакнаа на крајот организаторите, од фудбалската школа „Грозданоски“.

Се вчитува...