Селекторот Милевски и легендите Најдоски, Станојковиќ, Грозданоски ги израдуваа најмладите на „ИЛИНДЕН КУП 2023“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„На сите победници им честитаме, на сите учесници им благодариме за учеството. Се потрудивме да направиме нешто поразлично овде во Македонија, да организираме посебен настан. Оставаме на вас да уживате со вашите импресии од првиот Илинден куп, а наша обврска е во иднина само дополнително да го надоградиме нивото на организација на овој меѓународен турнир“ - истакнаа на крајот организаторите, од фудбалската школа „Грозданоски“.