И селекторот Благоја Милевски, кој еден дел од својата кариера мина низ младинските категории на Црвена Звезда минувајќи неколку години заедно токму со дел од играчите од златната шампионска генерација на белграѓани, вечерва на дружба со Дарко Панчев и некогашните црвено-бели колеги.
И секако долги разговори на Милевски и за македонскиот фудбал со Дарко, и за балканскиот фудбал и со Дејан Савичевиќ и со колегата од српската репрезентација Драган Стојковиќ – Пикси, и со Дика Стојановиќ.
На крај некако заедничка беше констатацијата на сите…
„Ех кога Македонија сега би имала еден Панчев во репрезентацијата!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА