Селекторот Милевски на самитот „Македонија 2025“: Добриот лидер презема повеќе од вината и помалку од успехот!

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски беше дел од самитот „Македонија 2025′, чиј домаќин беше Џон Битов заедно со големиот поддржувач на македонското општество и спортот Мајк Зафировски.

Милевски на трибината за лидерството во спортот беше заедно со прославените македонски спортски имиња Ѓорѓе Војновиќ и Кире Лазаров, отворено истакнувајќи ги своите ставови за менаџментот во спортот и значењето на лидерските индивидуални способности како начин за успех.

„Добриот лидер презема повеќе од вината и помалку од успехот. Се обидувам да бидам одговорен кон себе и кон тимот. Да го покажам мојот пример затоа што тоа е најбрзиот начин на кој еден лидер може да изгради доверба со својот тим. И се разбира, да се остане скромен и смирен со членовите од тимот, затоа што гордоста не прави вештачки, а скромноста реални“ – истакна меѓудругото селекторот Милевски.

Се вчитува...