Селекторот на Аргентина повреден во сообраќајна несреќа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, доживеа тешка сообраќајна несреќа. Скалони утрово возејќи велосипед, бил удрен од автомобил, а несреќата се случила на паркингот на училиштето Агора, во местото Пуерто Порталс на Мајорка.

Веднаш по иницидентот тој е пренесен во локалната болница. Неговата здравствена состојба е стабилна, иако се здобил со сериозни повреди на лицето.

Според локалните медиуми, Скалони не го видел возилото кое во тој момент се приклучило на паркингот, а по ударот тој паднал директно на лицето.

Се вчитува...