Селекторот на Белгија за Мундијалот: Со здрав Азар е можно да го освоиме и СП!

Светското првенство во Катар ќе биде четврто големо натпреварување по ред каде меѓу кандидатите за титулата е и репрезентацијата на Белгија.

Претстојниот Мундијал ќе биде последна шанса за многу членови на Златната генерација да освојат медали, меѓу кои и Еден Азар.

Селекторот на Белгија Роберто Мартинез проговори за играчот на Реал Мадрид. Тој изјави дека и покрај проблемите кои ги има во „кралскиот“ клуб, нема дилема дека и понатаму е еден од клучните играчи во националниот тим.

„Нема логика за прашањата од типот колку Еден Азар е важен за репрезентацијата. Тој беше еден од клучните играчи на Светското првенство 2018 година, каде исто така стекна дополнително искуство. „Последните две години беа особено предизвикувачки за Еден. Се мачеше со повреда на ЕП, но придонесе за тимот, особено во тие 60 минути против Португалија. Поради тоа што Азар може да го покаже кога е здрав, не смееме да се обесхрабруваме … Можам да кажам дека со здрав Азар оваа селекција може да дојде и до тронот на СП“, заклучи Мартинез.
“.

Се вчитува...