Селекторот на БИХ: Македонците беа некоректни, не го почитуваа договореното

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, загуби на вториот пријателски натпревар во јунскиот циклус. После победата над Полска, Македонија загуби од БИХ на „тестот“ одигран во Коњице со 2-1.

Селекторот на БИХ, Игор Јанковиќ порача дека од оваа контрола може да биде задоволен само од резултатот.

„Освен со резултатот, не можам со ништо друго да бидам задоволен. Македонците беа некоректни, тоа не беше нашиот договор. Договорот беше да испробаме фудбалери за следните квалификации, односно 2004 и 2005 година, а тие натпреварот го завршија со дури девет играчи родени во 2002 година. Но, ние го одигравме натпреварот, бевме борбени, но не добивме многу со оваа средба“, рече Јанковиќ.

Се вчитува...