Селекторот на БИХ не отпатува во Англија поради лоша здравствена состојба

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во понеделник од 20:45 часот на стадионот „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Англија .

Репрезентативците на Босна и Херцеговина во последните неколку дена се подготвуваа во Сараево и ден пред пријателскиот натпревар во утринските часови се упатија кон Англија.

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина потврди дека селекторот Сергеј Барбарез не отпатувал со тимот поради здравствени проблеми и останал во Сараево. Сепак, Барбарез почна да се чувствува подобро и ќе се приклучи на националниот тим на следен лет.

По пријателскиот натпревар, ден по натпреварот против Англија, репрезентацијата на БиХ ќе одлета за Пиза, каде на 9 јуни ја чека Италија.

Се вчитува...