Селекторот на Бразил: Ни треба почесто да играме со Шпанија, Англија, Италија…

Селекторот на бразилскиот национален тим Тите, кажа дека неговата селекција треба да игра почесто со силните европски репрезентации.

Последен пат Бразил играше со европска селекција во 2019 година.

„Бараме начин да го подобриме календарот, бараме нови начини да одиграме натпревари со европските селекции. Не сакам да ги омаловажам нашите противници. Читав интервју со Мурињо и се пошегував дека не играме против селекции како Ерменија на пример. Сите ривали се тешки на свој начин. Но, исто така гледам потреба да имаме повеќе натпревари со селекции како Италија, Шпанија, Англија… Можеби треба да се размисли за Светско првенство на две години“, рече Тите.

Се вчитува...