Фудбалската репрезентација на Бразил е единствената која била на секое светско првенство во историјата. Во квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, не им оди баш најдобро. Иако моментално имаат позиција која ги води на преглед, не бегаат премногу од тимовите под линијата и не смеат да си дозволат премногу падови.
Тамошната јавност е загрижена поради ова пред вечерашната посета на Парагвај. Сепак, бразилскиот селектор Доривал Јуниор се одлучи на многу храбра прогноза за да ја смири јавноста.
„Дали ќе се пласираме? Не грижете се. Запомнете ги овие зборови, слободно цитирајте ги и барајте ми одговорност. Ќе го играме во финалето на Светското првенство. Да, сигурно ќе бидеме во финалето во 2026 година”, рече тој.
Доривал Јуниор е тренер од јануари годинава. Целата своја досегашна кариера ја помина во Бразил, каде раководеше со гиганти како Сао Паоло, Фламенго, Флуминенсе, Сантос и Палмеирас, а овој 62-годишен човек имаше дури 23 различни ангажмани во својата 22-годишна тренерска кариера. Тој освои три национални купа, четири првенства на сојузно државно ниво и Копа Либертадорес.
Долго време се шпекулираше со името на Карло Анчелоти за селектор, но на крајот тој одлучи да остане во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА