Репрезентацијата на Бугарија остана без селектор, откако Илијан Илиев поднесе оставка. Тренерот наводно по електронски пат ги информирал во сојузот дека поднесува оставка.
Сега Изршниот комитет треба да расправа и да одлучи дали ја прифаќа или не оставката на Илиев.
Бугарскиот фудбалски сојуз на 1. март излезе со став дека нема да го менува селекторот, што веројатно значи дека оставката нема да биде прифатена.
Во моментов постојат несогласувања на релација селектор и претседателот на сојузот, кој побара негова оставка. Неколку клубови со декларации бараат Илиев да се одлучи дали ќе работи како селектор, или како тренер на Черно Море, затоа што постојат конфликт на интереси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

