Селекторот на чешката фудбалска репрезентација Јарослав Шлихави е позитивен на коронавирусот и нема да ја води селекцијата на натпреварите што ја очекуваат Чешка во ноември.
Јарослав Шлихави доби позитивен тест на коронавирус и поради тоа нема да ја води репрезентацијата на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Катар против Естонија.
Фудбалскиот сојуз на Чешка во понеделникот излезе со информација дека селекторот е во изолација, иако се соопштува дека е вакциниран и дека во последните 12 дена не бил во контакт со членовите на стручниот штаб.
На квалификацискиот дуел против Естонија (16.11), како и на пријателскиот натпревар со Кувајт (11.11), репрезентацијата ќе ја предводи помошникот на Шлихави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА