Данска беше фаворит на хартија во дуелот против Шпанија, но на теренот, „Црвената фурија“ го оддува ривалот, па актуелниот европски првак повторно е во финалето на европското ракометно првенство за мажи, во обид да го одбрани тронот.
Пред мечот, Данците беа „обвинувани“ дека во последното коло од групната фаза намерно загубиле од Франција, за да ја добијат Шпанија во полуфиналето. Сепак, дека калкулациите надвор од теренот и тоа дур се игра мечот не се исти, се покажа и на вчерашниот меч. Шпанија победи со 29:25, а селекторот на Данска Николај Јакобсен, призна дека подобриот тим ќе игра во финалето.
„Честитки за Шпанците, тие заслужено победија. Иритирачки за нас е тоа што во првото полувреме не успеавме да ги искористиме добрите одбрани на Ландин. Направивме многу грешки во нападот, кои ретко ни се случуваат. Бевме подобри само во првите 15 минути од мечот, а потоа Де Варгас се разбрани и го сврте мечот во корист на Шпанија. Гомес Абелјо беше незадржлив по десното крило, а одличен беше и Канељас. Победи подобриот тим, а на нас останува да се обидеме да стигнеме до бронзата“, рече Јакобсен.
Во финалето на ЕП ќе играат Шпанија – Шведска, а во борба за третото место ќе се сретнат Данска и Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА