Селекторот на европскиот шампион го објави списокот за стартот на Лигата на нации

Селекторот на Шпанија Луис де ла Фуенте го објави списокот на играчи за Лигата на нации.

Актуелниот европски првак го очекуваат два дуела, прво на 5. септември против Србија во Белград, а три дена подоцна гостува во Швајцарија.

Шпанија го промени тимот во однос на Европското првенство, а на поширокиот список не се најдоа Унаи Симон, Алекс Баена, Фермин Лопез, Хесус Навас, Аврамо Мората, Начо Фернандез и Микел Мерино.

Родри е во ростерот, но ќе го пропушти натпреварот против Србија поради суспензијата што ја заработи при прославата на титулата. Две нови имиња се, Оскар Мингеза од Селта и Пепелу од Валенсија.

Се вчитува...