Селекторот на Гана и неговите помошници повредени во сообраќајна несреќа

Селекторот на Гана Ото Адо, и неговите двајца помошници Џон Пејнтсил и Фатау Дауда, преживеале страшна сообраќајна несреќа на патото Такрва – Такоради во Гана.

Тие патувале во градот Акра, каде што требало да следат натпревар од тамошното првенство, кога се судриле со друго возило.

Адо и неговите помошници минале со повреди и веднаш се пренесени во болница на понатамошни прегледи.

Гана ги почнува квалификациите за пласман на Купот на Африкански нации против Ангола и Нигер оваа недела.

 

Се вчитува...