Селекторот на Германија пред финалето со Србија: Не сум гледал ниту еден натпревар на Србите

Германија стигна до голема победа над Соединетите американски држави во полуфиналето на Светско првенство кое оваа година се одржува во Филипини, Индонезија и Јапонија и закажа битка за златниот медал против Србија.

Големото финале е закажано за в недела, а интересно, говорејќи за медиумите селекторот на германската репрезентација, Гордон Херберт изјави дека воопшто не ја познава Србија, но го познава селекторот Светислав Пешиќ.

„Веднаш по победата им кажав на момците дека направија голем успех, но и дека можат да направат и повеќе од тоа. Ги цениме и почитуваме сите селекции, ја цениме и почитуваме Србија, но сакаме победа, го сакаме златниот медал. До сега не гледав натпревар на Србија. Знам дека Светислав Пешиќ е еден од најдобрите тренери на планетата. Допрва ќе се запознаеме со ривалот. Ќе бидеме подготвени“, изјави Херберт.

Се вчитува...