Селекторот на Хрватска на мета на ракометната јавност: Перковац доби Ф1 болид и успеа да го уништи

И покрај одличниот старт и големата победа над Шпанија, ракометната репрезентација на Хрватска има нов разочарувачки настап на големите натпреварувања.

Хрватите вчера загубија од Исланд и со тоа останаа заковани на дното на табелата во главната групна фаза. Селекторот Горан Перковац е на голема мета на јавноста, а се поизвесно е дека по шампионатот тој веќе ќе биде минато во ракометната рерпрезентација.

Поранешниот репрезентативец Никша Калеб е само еден од многутемина кои сметаат дека Перковац не е достоен да ја води репрезентацијата.

„За жал, звучи саркастично, но на првенството сме први само во една работа, а тоа е во загубени топки. Сепак, како што рече тренерот дека ја презема одговорноста, сите прашања треба да одат кај него. Многу ми е тешко, можам само да замислам како им е на играчите кога ќе земеме во предвид дека Исланд играше без најдобриот играч на овој турнир, без Магнусон, дека Гисласон доби црвен картон, дека Смарасон се повреди, и дека така половичен Исланд не победи. Гледаме дека многу работи не се како што треба во нашиот тим. Селекторот најавуваше Формула 1, го доби болидот и на крајот го уништи“, изјави Калеб. 

Се вчитува...