Актуелниот селектор на Хрватска, Хрвоје Хорват, ќе биде именуван за нов тренер на бундеслигашот Вецлар, во чиј стручен штаб се наоѓа и долгогодишниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски.
Токму Миркуловски заедно со спорткиот директор Јасмин Чамџиќ го предводи тимот на Вецлар во изминатите петнаесетина дена по кои беше сменет тренерот, а управата на клубот беше во потрага по нов шеф на стручниот штаб. Изборот паднал врз 45-годишниот Хорват, кој начелно ги прифатил понудените услови и на почетокот од 2023 година ќе се пресели на кормилото на Вецлар.
Се што недостига е „амин“ од Хрватската Ракометна Федерација, која би требало да дозволи Хорват паралелно да ги извршува двете функции, но само по завршувањето на СП 2023 што ќе се одржи наредниот месец во Шведска и во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

