Селекторот на Канада оптимистички: За пет до десет години ќе бидеме најдобри на светот

Селекторот на Канада, Јорди Фернандез не го криеше задоволството од втората победа во низа на Летните олимписки игри во Париз, а по триумфот над Австралија говореше и за иднината на оваа северноамериканска репрезентација.

Фернандез се осврна кон фактот дека неговите избраници не поминуваат многу време заедно па мораат да се прилагодуваат на самите натпревари, а верува дека најдоброто ќе дојде за пет до десет години кога Канада ќе биде на врвот на светот.

„Имаме уште време за растење бидејќи ние сме тим кој не играл никогаш заедно. Никогаш не сме ја имале оваа група на момци и морам да ги пофалам дека одлично си ја вршат работата. Овие момци даваат се од себе и постојано тренираат, но се уште не сме на нивото на Шпанија, Австралија… Мислам дека за пет до десет години ќе бидеме на врвот на светот, но засега треба да одиме чекор по чекор. На добар пат сме“, вели Фернандез.

Се вчитува...