Селекторот на Казахстан поднесе оставка пред гостувањето во Скопје

Селекторот на Казахстан, Али Алиев поднесе оставка по „дебаклот“ од Белгија од 6-0 во квалификациите за Светското првенство. Останува да се види дали ќе биде прифатена неговата оставка, и доколку биде, тогаш овој тим во Скопје ќе гостува со нов селектор на 13. октомври.

Алиев по натпреваро се заблагодари на довербата, и кажа дека ќе напише изјава во која ќе ја поднесе оставката до федерацијата.

„Ја преземам вината за овој пораз. Ќе напишам изјава и ќе поднесам оставка“, рече Алиев.

Поразот беше четврти по ред за Казахстан во квалификациите, со вкупна гол разлика од 1-12. Тимот е четврти во групата Ј со три бода од пет меча, победувајќи го само Лихтенштајн, и нема никакви шанси за пласман на Мундијалот следната годна.

Се вчитува...