Селекторот на Летонија: Горд сум на моите фудбалери кои одиграа добро против силната Македонија

За првпат во меѓусебните натпревари репрезентацијата на Летонија остана непоразена во пресметката со Македонија. Синоќешниот натпревар во Скопје заврши без голови 0-0, во меч во кој и двете селекции можеа да стигнат до победа, со оглед дека имаа шанси.

Паоло Николато, селекторот на Летонија по натпреварот истакна дека е горд на фудбалерите, и задоволен е од играта на неговата селекција против, како што рече, силен противник како Македонија.

„Одигравме добар натпревар против силен противник. Горд сум на момците, на ставот и перформансите што ги покажаа на теренот. И покрај отсуството и повредите на многу играчи за време на натпреварот, сите играчи ја покажаа својата вредност и целокупниот раст на тимот. Создадовме неколку добри можности за постигнување голови, а некои од нив ги создадовме со одлични акции. Големо задоволство е за сите нас да ги видиме нашите играчи како играат со таков квалитет и храброст“, рече селекторот Николато. 

За Летонија сега останува уште последниот меч во квалификациите, против Србија во Лесковац.

Се вчитува...