ЕКИПА во Рига, Летонија
Владимир Булатовиќ
Фудбалската репрезентација на Македонија утре од 18 часот во Рига ќе се сретне со домашната Летонија во натпревар од третото коло од новата сезона во најмладото репрезентативно натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.
Селекторот на Летонците, Паоло Николато пред мечот со нашата репрезентација вели дека утре ги чека натпревар против многу силен противник.
„Утре имаме средба со многу силен противник, селекција која ја победи Ерменија, но ние сме позитивни да покажеме добар настап против нив. Овој тим, и тој регион во целина, се карактеризира со силни индивидуални играчи. Карактеризирани со голем индивидуален талент, овие играчи имаат и високо ниво на играчко искуство во силни првенства. Но, им недостига талент за тимско единство. Тие се силни индивидуално, но можеби не толку како тим“, вели Николато.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА