Селекторот на фудбалската репрезентација на Лихтенштајн, Рене Паурич, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против Македонија, што ќе се одигра на 24.март на „Реинпарк стадион“ во Вадуз, со почеток во 20.45 часот. Прва ѕвезда на оваа селекција е фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Емполи, Марсел Бухел. Тој е единствен играч кој настапува во некоја од петте елитните лиги. Најголемиот дел се членови на Вадуз, швајцарскиот тим што го елиминираше Силекс во квалификациите за Лигата на Европа.
Во отсуство на повредените Даниел Кауфман, Сандро Висер, Микеле Полверино и Ив Ојри, селекторот Рене Паурич повика и неколку помлади фудбалери, како Клаудио Мејер и Јенс Хофер, кои се дебитанти во А-тимот на Лихтенштајн. На неговиот список се наоѓаат следните играчи:
голмани: Бенјамин Бухел (Оксфорд јунајтед), Питер Јехле (Вадуз), Клаудио Мејер (Балзерс)
одбрана: Паскал Фосер (Балзерс), Максимилијан Гопел (Вадуз), Јенс Хофер (Дудинген), Андреас Малин (Дорнбирн), Иван Квинтанс (Ешен), Мартин Рехштајнер (Балзерс), Сејхан Јилдиз (Балзерс).
среден ред: Даниел Брандл (Ст. Ендрус), Мартин Бухел (Унтерфоринг), Франц Бургмајер (Вадуз), Николас Хаслер (Вадуз), Арон Селе (Балзерс), Матијас Селе (Ешен), Сандро Волфинген (Волфратсхаузен)
напад: Марсел Бухел (Емполи), Јаник Фрик (Алтах), Филип Ерне (Балзерс), Робин Губсер (Балзерс), Никлас Кибер (Ешен), Денис Салановиќ (Рапесрвил).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА