Селекторот на Лихтенштајн: Македонија има златна генерација и голема шанса за СП!

Селекторот на Лихтенштајн, Конфрад Финфстук ги искажа своите импресии од натпреварот со Македонија и поразот од 5-0 на прес-конференцијата после натпреварот во Скопје.

Предводникот на гостинскиот тим рече дека екипата одиграла добар втор дел, но и дека после 70-тата минута веќе немале сили да играат после исцрпувачкиот меч со Белгија кој го играа пред гостувањето во Македонија.

„Честитки до Македонија, за овој неверојатен натпревар. Лично сметам дека во првиот дел игравме добро, и бевме добро поставени. На крај од денот Елмас го постигна голот, и тој ни беше најголема опасност. После 70-та минута играчите беа изморени, и се гледаше тоа на теренот“, изјави Финфстук.

Финфстук оваа генерација на Македонија ја нарече „златна генерација“ и истакна дека селекцијата има големи шанси да се пласира на Мундијалот идната година.

„Кога првпат беше ждрепката, кажав дека Македонија има најголема шанса. Има златна генерација во моментов, на секоја позиција има квалитет, и може да конкурира против секоја репрезентација. Кога поведе, се гледаше дека Македонија не е задоволна со само еден гол, напаѓаше да даде втор, па трет, па четврт, и тоа ја покажува нивната класа“, рече Финфстук.

Се вчитува...