Селекторот на Лихтенштајн пред мечот со Македонија: Неверојатно е тоа што не загубивме на пет од последните 10 меча

Селекцијата на Лихтенштајн на последните 10 меча, нема пораз на пет, и тоа според селекторот Конрад Фунфстук се одлични резултати за репрезентација каква што е неговата.

Фунфстук доби нов договор пред мечот со Македонија на дополнителни три години, и очекува тимот да покаже менталитет, и да ги одигра сите квалификациски натпревари „смело и храбро“.

„Се заборава дека во 2024 година не бевме поразени на пет од десетте натпревари, што е навистина зачудувачки за нашата земја“, рече Фунфстук, кој потоа се осврна на следните натпревари.

„На секој натпревар одиме на теренотс о план, со јасни принципи и со менталитет, за да настапиме смело и храбро, и покрај тоа што сме аутсајдери“, изјави тој.

Од натпреварите кои вреди да се одбележат на селекцијата, е „ремито“ против Романија.

Се вчитува...