Селекторот на Луксембург шокираше со својата реакција: Си замина од сред меч против Португалија (ВИДЕО)

Португалија синоќа со девет гола во противничката мрежа тотално го понижи Луксембург во квалификациите за ЕП 2024.

И без Кристијано Роналдо во тимот Португалците блескаа, а играч на мечот беше ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.

Фернандеш ја предизвика и шокирачката реакција на селекторот на Луксембург, Лук Холц кој на 15 минути пред крајот на натпреварот одлучи да го напушти мечот и да го остави својот тим и момците сами на себе.

По голот на Бруно Фернандеш за 8-0 во 83. минута, Холц само стана од клупата и си замина во соблекувалната веднаш напуштајќи го и стадионот, што ги остави без вчудоневидени и неговите соработници од стручниот штаб но и играчите на терен. До крајот неговиот тим прими уште еден гол за конечни 9-0.

Се вчитува...