Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ, во наредниот период ќе има и нов клупски ангажман, како предводник на грчкиот прволигаш ПАОК.
Тимот од Солун моментно се наоѓа на четвртото место на табелата, со единаесет бода заостанување зад лидерот Олимпијакос, што беше доволна причина челниците на ПАОК да се решат за тренерска смена. Одговорната улога му е доделена на Матијашевиќ, кој претходно има работено во неколку француски клубови.
Токму под водство на овој искусен српски стратег македонската репрезентација испиша историја, обезбедувајќи учество на два европски шампионати во низа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА