Селекторот на Малта, Италијанецот Микеле Марколини пред мечот со Македонија истакнуваше дека тоа ќе биде натпревар на кој неговата селекција ќе брка бодови затоа што ги знае недостатоците на противничкиот тим.
Но, вечерва по дуелот само ја честиташе заслужената победа на македонскиот состав, истакнувајќи дека Македонија била подобра со извонредни индивидуалци во своите редови.
„И честитам на Македонија за заслужената победа. Рано дојдоа до предност, а потоа беше тешко да се вратиме во игра и покрај тоа што се обидувавме. Сепак, Македонија е поквалитетна како тим а Барди, Елмас и Алиоски се играчи кои може да ја сменат играта за секунда. Тоа се навистина квалитетни фудбалери кои Македонија ги има и токму за нив беше подобра вечерва“ – рече Марколини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА