Селекторот на фудбалската репрезентација на Малта Микеле Марколини го објави списокот на фудбалери за стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2024 година ќе се игра во Германија.
Во мартовскиот циклус Малта на 23. март на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе и гостува на Македонија, а три дена подоцна на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на актуелниот континентален шампион Италија.
СОСТАВ НА МАЛТА
Голмани: Хенри Бонело (Хамрун), Каин Формоса (Валета), Метју Грич (Сиренс)
Одбрана: Фердинандо Апап (Хибернијанс), Лук Табон (Гзира), Стив Борг (Хамрун), Карл Микалеф (Гуџа), Џејмс Браун (Сент Џонстон, Шкотска), Тристон Каруана (Валета), Зак Мускат (Фаренсе, Португалија), Енрико Пепе (Биркиркара)
Среден ред: Хуан Корбалан (Хамрун), Риан Камензули (Хамрун), Адам Магри Оверенд (Флоријана), Стивен Писани (Гзира), Метју Гиламер (Хамрун), Каин Атард (Биркиркара), Николаи Мускат (Гзира), Бјорн Кристенсен (Хибернијанс), Брендон Диего Паибер (Валета), Јаник Јанкам (Биркиркара), Матијас Николас Гарсија (Флоријана), Теди Теума (Унион Сен Жил, Белгија), Јозеф Мбонг (Хамрун), Дунстан Вела (Хибернијанс)
Напад: Јурген Дегабриел (Хибернијанс), Шон Димех (Валета), Џоди Фелис Џонс (Нотс Каунти, Англија), Кириан Нвоко (Санта Лусија), Пол Мбонг (Биркиркара), Александер Сатариано (Балзан).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА