Селекторот на Мароко: Наречете ме луд, но ние одиме да го освоиме Светското првенство

Фудбалерите на Мароко со пласманот во полуфиналето на Мундијалот го постигнаа најголемиот успех не само за својата земја, туку и за африканскиот фудбал воопшто. Сепак, тие не сакаат да застанат тука.

Селекторот Валид Реграгуи тврди дека има голема почит кон француската селекција, но дека верува дека неговиот тим може да триумфира во полуфиналето и да ја освои „светската круна“.

„Играме против актуелниот светски шампион, против најдобрите играчи во светот предводени од најдобриот тренер во светот, но не се откажуваме. Никогаш не сме го правеле тоа, а нема ни сега. Наречете ме луд, но сакаме да го освоиме Светското првенство. Така влегуваме во овој натпревар, со желба за победа. Сите играчи се подготвени, успеавме да се опоравиме и едвај чекаме да излеземе на теренот“, вели Реграгуи. 

Се вчитува...