Селекторот на Мексико ептен фраер: Си ги носел и сопругата и љубовницата на Мундијалот во Русија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Мексико, Хуан Карлос Осорио, имал максимална поддршка на Светското првенство во Русија. Тој со себе ги понел и сопругата, но и љубовницата, да му бидат поддршка за време на Мундијалот. Овој скандал го откри мексиканскиот магазин „ТВ Нотас“, истакнувајќи дека Осорио покрај фудбалот имал и други ’активности’ за време на СП.

Селекторот, како и сите мексикански фудбалери, во Русија дојде со своето семејство, сопругата Жулиет Себајос и децата, но на Мундијалот била присутна и неговата љубовница, Мариана Сакариас. Таа е спортска новинарка, а од 2016 година се во љубовна врска со која е запозната и целата мексиканска јавност.

 

Се вчитува...