Селекторот на молдавската репрезентација Сергеј Клешченко поднесе оставка по убедливиот пораз од Норвешка со 11:1 во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Молдавија ги загуби сите натпревари во 2025, откако претходно загуби исто од Норвешка, и од Естонија, Полска, Италија и Израел, со вкупна гол разлика 3-27.
Најавено е дека ситуацијата ќе биде анализирана на состанок на тренерскиот комитет, кој ќе се одржи на почетокот на идната недела.
„Четири години во кои доживеавме многу емоции, некои помалку пријатни за кои се извнувам, и некои прекрасни. Заедно бевме на чекор од историските квалификации за ЕП 2024, заедно стигнавме до Групата Ц во Лигата на Нации. Цело ова време ја чувствував поддршката од навивачите, играчите, тренерскиот персонал и федерацијата. Ви благодарам на сите за довербата и поддршката“, се вели во соопштението на Кешченко.
Претходно и Азербејџан, Казахстан и Бугарија останаа без селектори поради слабите резултати во квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

