ЕКИПА во Краков,
Стеван Цаневски, Владимир Булатовиќ, Роберт Спасовски (ФОТО)
Машката ракометна репрезентација на Македонија со мечот против Норвешка вечерва ќе го стартува Светското првенство во Шведска и Полска.
Селекторот на Норвежаните, Јонас Виле кој своето деби на големите натпреварувања ќе го има токму против Македонија вели дека очекува израмнет натпревар.
„Очекувам вечерва натпреварот да биде израмнет. Македонија има поинаков, но квалитетен состав кој сигурно ќе пружи силен отпор. Имав можност да ги гледам вашите последни натпревари. Играте поинаку од досега, побрзо и имате опасен контранапад“, вели Виле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА