Стале Солбакен, селекторот на норвешката репрезентација го коментираше триумфот над Италија на гостински терен од 1-4 во последниот меч од квалификациите, со кој Норвешка го запечати првото место во групата, и директниот пласман на Мундијалот.
Тој призна дека кога се одржала ждрепката, ќе бил среќен и со второто место, сметајќи дека Италија ќе ја освои групата и ќе се пласира директно на финалниот турнир.
„Кога ја видов ждрепката, бев сигурен дека Италија ќе се пласира на првото место и директно на Светското првенство. Но, наместо тоа ние сме први и многу сме горди. Во текот на целиот циклус имав високи барања од играчите, а тие дадоа се од себе и завршија неверојатна работа“, рече Солбакен.
„Ние сме комбинација од физичка сила и техника. И не заборавајте дека не играше и Мартин Одегард“, изјави Солбакен.
Тој потоа го коментираше настапот на Ерлинг Халанд…
„Халанд е машина за голови. Драго ми е што и италијанските навивачи му аплаудираа. Оваа публика виде одлични играчи на овој стадион низ годините, и сум среќен што ја ценат неговата игра“, вели Солбакен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

