Македонската кошаркарска репрезентација го положи испитот и убедливо славеше против главниот конкурент за првото место во претквалификациската група за Евробаскетот 2025. „Црвено-жолтите“ беа на врвот на својата задача во одбрана каде го лимитираа противникот под 40 постигнати поени.
Покрај тоа Норвежаните не успеаја да реализираат ниту еден од 21 обиди за три поени, нешто што селекторот Матијас Екхоф вели дека му се нема случено во кариерата.
„Македонија одигра одлична одбрана и се виде дека добро беше подготвена за натпреварот… Имавме и многу лоши одлуки во нападот и кога нема да стигнете до отворени обиди го губите ритамот. Ова е прв натпревар во мојата кариера да немаме постигнато ниту една тројка. Секоја чест за Македонците“, вели норвешкиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА