Селекторот на новиот светски првак, еден играч и член на стручниот штаб гостувале во Скопје

Аргентина има причини за славје, откако фудбалерите по долго чекање ја освои титулата светски првак. Во финалето на Мундијалот во Катар, ја совладаа Франција со 4-2, и така го освоија драгоцениот пехар.

Дали сте знаеле дека дури тројца од играчите и стручниот штаб на Аргентинците гостувале во Скопје?

Резервниот голман на Аргентина, Херонимо Рули гостуваше со Реал Сосеидад на натпреварот со Вардар во групната фаза во Лигата на Европа во 2017-2018. Рули бранеше 90. минути од средбата. Дуелот заврши со триумф на Шпанците од 0-5.

Лионел Скалони, селекторот на аргентинскиот национален тим, беше капитен на Лацио кога овој тим имаше гостување на Работнички на 25. август 2011 година. Лацио го доби натпреварот со 1-3.

Помошникот на Скалони, Валтер Самуел играше за Рома во дуелот со Вардар. Самуел го одигра и мечот во Рим, и дуелот во Скопје, кој заврши нерешено 1-1.

Инаку од сегашните играчи на Аргентина, Леандро Паредес беше дел од Зенит кога играше против Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, но тогаш не допатува во Скопје поради повреда, а не реваншот во Санкт Петербург беше на клупата.

Хуан Фојт, пак, беше дел од Тотенхем кога овој тим играше против Шкендија, меѓутоа дефанзивецот не беше во комбинација поради тоа што Мурињо не сметаше на него, и потоа го испрати на позајмица во Вилјареал.

 

Се вчитува...