Селекторот на Полска: Не постои магичен рецепт за сопирање на Мбапе

Селекторот на полскиот национален тим Чеслав Михњевич, изјави дека не постои начин да се сопре францускиот фудбалер Килијан Мбапе.

Благодарение на двата гола на Мбапе и едната асистенција, Франција ја победи Полска со 3-1, и се пласираше во 1/4 финалето на Мундијалот во Катар.

„Како тренер, не постои магичен рецепт да се сопре Мбапе. Фантастичен играч и не тераше многу да грешиме“, рече Михњевич.

Тој кажа дека е разочаран што Полска предвреме го заврши Мундијалот, но ја оствари целта да дојде до 1/8 финале, нешто што Полска не го направила 36 години.

Се вчитува...